Македонија

Пронајдена исчезнатата девојка кај Белви, Тошковски со детали: Таа е во добра состојба

“Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба”, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој додаде: Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето.

На почеток