Свет

Израел: Го убивме командантот на Исламскиот џихад во Газа

Израелските министри со барање, Палестинците да се иселат од Газа. САД: Тоа е палестинска земја

Во израелските напади загинаа 77 Палестинци во Газа во изминатите 24 часа, соопштија денеска здравствените власти, додека Египет беше домаќин на израелска делегација за нова рунда разговори во обид да се обезбеди прекин на огнот со Хамас во Газа.

Израелската војска соопшти дека убила висок командант на Исламски џихад во напад на команден центар во дворот на болницата Ал Акса во центарот на Газа.

„Командниот центар и терористите беа прецизно погодени, со намера да се минимизира штетата меѓу невините цивили во болничкиот комплекс“, соопшти војската. „Зградата на болницата Ал Акса не е оштетена и нејзиното функционирање не е загрозено“, тврдат тие.

Исламски џихад, милитантна група и сојузник на Хамас, сè уште не ја коментираше објавата.

Палестинските здравствени власти и медиумите на Хамас соопштија дека нападот погодил неколку шатори на територијата на болницата и убиле четири лица и раниле неколку други, меѓу кои и пет новинари.

Повеќе од 32.000 Палестинци се убиени во воената офанзива на Израел во Газа од 7 октомври, според здравствените власти во палестинската енклава.

На почеток