Македонија

(Видео) „Ова е луда техничка Влада, допис од трети до први кат во МВР патува десет дена“ – Тошковски би го разрешил директорот на БЈБ

Министерот Панче Тошковски посочува десет дена патува допис од директорот на БЈБ (Биро за јавна безбедност) Сашо Тасевски до него, иако се во иста зграда, два спрата разлика. Според Тошковски, ако ова било нормална Влада, тој ќе побарал веднаш разрешување на директорот.

„Министерот само врши политичка функција и предлага директор на БЈБ, а каде е проблемот на оваа луда техничка Влада. Проблемот е во тоа што, директорот на БЈБ е позиција која е златна команда, императивна улога, главен оперативец во министерството – а имате министер кој не го предложил човекот со име и презиме. Ниту па има право да го разреши – бидејќи го разрешува Влада и поставува Влада“, посочува Тошковски во подкастот „Претрес“.

Посочува дека нему не му било дозволено да назначи началник на СВР Тетово, па оттука, излишно би било да се побара промена на Сашо Тасевски, директор на БЈБ поставен по предлог на Оливер Спасовски.

„Еден допис од кај директорот до министерот патува десет дена. Дописот се пушта од трети кат на зградата на МВР, едно десет дена патува од трети до први – во метри е едно петанесет метри по скалите кога се качувате. Тоа патува десет дена“, додаде Тошковски.

Тој посочува дека ако ова била нормална Влада, ќе побарал да биде разрешен на 11 ден, кога ќе стигнеше дописот до мене, а тоа е десетиот ден.

На почеток