Свет

Израелскиот премиер Нетанјаху успешно опериран од кила

Само 15 отсто од Израелците сакаат Нетанјаху да остане премиер по војната

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се разбудил од анестезија по успешната операција на кила на која вчера беше извршена, соопштија од болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, каде е извршена операцијата.

„Тој е буден, се опоравува и разговараше со семејството“, изјави директорот на хирургија во болницата, Алон Пикарски, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека операцијата се одвивала според планот. На премиерот на Израел во саботата вечерта за време на рутински преглед му била дијагностицирана хернија.

Министерот за правда и заменик на Нетанјаху, Јарив Левин, беше вршител на должноста премиер додека Нетанјаху беше на операција. Во јули минатата година, Нетанјаху имаше операција на срцето, кога му беше вграден пејсмејкер.

На почеток