Свет

Седми ден од потрагата по Данкa (2). Истрагата се проширува и во Австрија, се приклучи и Интерпол

Вчера Интерпол распиша меѓународна потрага по двегодишното девојче Данка Илиќ од областа Бор во југоисточна Србија, кое исчезна на 26 март, откако се појавија сомневања дека девојче со сличен опис е видено во Виена, а во потрагата се вклучи и виенската полиција.

На сила е жолтото известување на Интерпол што е меѓународен повик за пронаоѓање на исчезнатите.

Потрагата по двегодишното девојче, кое во вторникот исчезна во населбата Бањско поле кај Бор, влезе во седми ден, а српската полиција вчера продолжи со пребарување на теренот и разговор со сите лица кои можеа да дадат корисни информации за расветлување на нејзиното исчезнување.

Полицијата извршила претрес и на делот од Брестовачка река во околината на населбата каде исчезна девојчето. Виенската полиција се вклучи во истрагата прексиноќа, откако се појави видео од австриската престолнина на кое се гледаат две жени, наводно Романки, на трамвајска станица со девојка која личи на Данка.

На почеток