Македонија

(Фото) Му го згрешија презимето на Ковачевски на голем настан за СДСМ, а иднината стана „иди Нина“

Димитар Ковачевски остана без „в“, а иднината доби „и“ на промоцијата на програмата на СДСМ и кандидатите за пратеници од Коалицијата за европска иднина. Печатните грешки ги забележа јавноста, откако СДСМ испрати фотографии за да се испромовира себеси.

Презимето на партискиот остана без една буква, додека, единствено точно на видео-бимот беше само името и презимето на Моника Зајкова. Во насловот на програмата иднината стана „идинина“.

Ова пак, е причина за потсмевање на социјалните мрежи.

Во време на Владата на СДСМ, имаше и неколку протоколарни грешки при пречек на странски делегации. При пречек на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка.

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц беше пречекан со погрешно знаме пред Владата. Наместо знамето на Австрија беше поставено знамето на Летонија.

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил со фотографија го честиташе 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик, но го згреши знамето! Според неговата фотографија на десно е зелената боја, а на лево е плава додека пак во средината се наоѓа тркало. Имено, на меѓународно знаме на ромскиот народ, усвоено на првиот конгрес на Ромите во 1971 година, горе стои сината боја која го претставува небото, додека доле е зелената боја која ја претставува земјата. Може да се забележи дека на фотографијата единствено исто е средината на знамето каде се наоѓа тркало, односно црвена чакра, која пак ја претставува миграцијата на Ромите.

На почеток