Македонија

Две сообраќајки во Штип: тројца повредени, меѓу кои и малолетник кој возел мопед без возачка

Фото: Илустрација

На 31.03.2024 околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.И.(64) од Штип, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

На 31.03.2024 околу 21.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

На почеток