Свет

Претседателот на Хрватска поднесе оставка, првоаприлска шега на хрватски Индекс

И политичарите се мета на првоаприлски шеги. Хрватски Индекс денеска објави првоаприлска шега, на која тврдеше дека Зоран Милановиќ ненадејно поднесе оставка од функцијата претседател на Република Хрватска.
Еве го текстот на Индекс:
Во продолжение целиот текст од првоаприлската шега:

Во новиот сплет на околности, титулата на претседател му паѓа на Мирослав Шкоро. Милановиќ кој досега зборуваше дека нема намера да си поднесе оставка, во маневар кој никој не го предвиде вчеравечер тој ја поднесе својата оставка во Уставниот суд. Според хрватските извори, оставката ја имал поднесено за да може активно да се судри со сегашниот Премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ во изборната кампања за следните избори.

На почеток