Свет

Русија ќе ја тужи Украина

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска најави дека Русија ќе ја тужи Украина за нејзината улога во терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва на 22 март.

„Русија има намера да оди пред меѓународните судови, а во моментов се подготвуваат соодветните документи, а овие документи и нашата земја минуваат низ потребните процедури“, рече Закарова, пренесува ТАСС.

Според официјалните податоци, во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во Москва животот го загубиле 143 лица.

Истражниот комитет на Русија на 28 март објави дека ја докажал врската меѓу директните извршители и „украинските националисти“.

На почеток