Свет

Девет деца загинаа од нагазна мина во Авганистан

Монсунските дождови предизвикаа страшни поплави во Авганистан, најмалку 30 загинати

Девет деца загинаа во источен Авганистан од стара нагазна мина со која си играле.

Портпаролот на талибанците Хамидула Нисар изјави дека мината, која децата ја пронашле во близина на нивното село во провинцијата Газни, е стара неколку децении и дека експлодирала додека си играле со неа.

Тој додаде дека се убиени пет момчиња и четири девојчиња на возраст меѓу пет и 10 години.

Ваквите инциденти се вообичаени во Авганистан, бидејќи има многу мини и оружје останати од војните, на кои децата наидуваат кога собираат старо железо, од кое ги издржуваат своите семејства.

На почеток