Свет

Утре и задутре не планирајте патување во Грција, штрајкуваат цариниците

Грчките цариници излегоа со препорака, сите оние кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, најдобро да го одложат патувањето.

Сообраќајот на граничните премини за влез во Грција од утре во 06:00 часот ќе биде во прекин поради најава за 48-часовен штрајк на грчките царински службеници. Сообраќајот ќе биде во целосен прекин за автомобилите и за товарните возила.

За товарните возила исклучок се пратките кои мора да бидат веднаш пренесени, а за автомобилите само доколку се превезуваат луѓе на итно лекување.

Дозволено ќе биде пеш да се помине границата.

На почеток