(Видео) Тешка несреќа на „Партизанска“: амбуланта се преврте, откако се судрија со автомобил

Од
Објавено на

Тешка несреќа се случи ноќеска на булеварот „Партизански одреди“, каде се судриле „Тојота јарис“ и амбулантно возило.
Од терен, познато е само дека од силината на ударот, амбулантното возило се превртело, но непознато е дали во него имало пациент и каква е состојбата на возачот, но и другите ко се превезувале.
Не е позната ниту состојбата на возачот кој бил во автомобилот, чии делови се распрскале по булеварот.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.
