Македонија

Пратениците се согласија, пролонгиран е рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид до крајот на 2026

Пратениците на денешната битна седница го изгласаа Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

Нивиот рок за довршување на делницата Кичево-Охрид е 31.12.2026 година.

,,Надзорот и ФИДИК експертот утврдија дека се релаизрани 83,84 проценти од проектот и се побара продолжување. Причините за пролонгирање на проектот се добро познати, а пред сѐ се долажат на појавата на 13 нови свлечишта што бара дополнително проектирање и нови технички решенија”, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, посочувајќи дека Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации.

Овој анекс договор за изградба на автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред и ќе чини 598 милиони евра.

На почеток