Не патувајте кон Грција, два дена границата е затворена
Од ноќеска на полноќ поради штрајк на грчката царина се затвораат граничните премини со Македонија.
Почувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, ова се информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје.
На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за стоки кои подлежат на расипување.
Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично, не е познат точен распоред, но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.