Македонија

Синдикалците на протест пред Врховен

Сојузот на синдикати на Македонија денеска излегува на протест пред Врховниот суд.

Тие на овој начин ќе го изразат незадоволство од одлуката што судот ја донесе за одземање на Работничкиот дом.

На 9 ноември минатата година Врховниот суд пресуди и Работничкиот дом му го одзема на ССМ за што синдикатот побара оставка од судиите што ја донесоа одлуката и поднесе предлог за нивно разрешување до Судскиот совет.

ССМ има испратено барање и до Уставниот суд бидејќи Врховниот суд не ја почитувал одлуката на Уставниот суд донесена во 1992 година во која е наведено дека државата нема право да одзема имот на синдикатите.

На почеток