Без струја делови од Бутел, Карпош и Шуто Оризари
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Денеска без струја дел од Карпош](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/09/Денеска-без-струја-дел-од-Карпош.jpg)
Денеска од 8:30 до 10:30 без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од напојната Трафостаница – Бутел 6 до Тутунска банка, Општина Бутел.
Во временскиот период од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ згради бр. 155 и бр. 156 во Општина Карпош.
Од 11:30 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Бутелски венец“, „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)