Обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, тешко ранет неговиот возач
Од
Објавено на
Денеска е извршен обид за атентат врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. Пукано е со автоматско оружје, но градоначалнккот не е повреден.
Со прострелна рана во градите е погоден неговиот возач, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е со тешки повреди и е во операционана сала во Клинички центар.
Засилени полициски сили пристигнаа во Арачиново, а на местото на престрелката се врши увид.
МВР најавува информации за подоцна.