Скопје

(Видео) Тажна слика од скопскиот плоштад: маскирани деца, две маскоти и куп празни куќички од Нова година

Во центарот на Скопје, ја нема вообичаената магија за 1-април, која се памети од минати години. Родители ги носат своите деца, но детска програма – ни за лек. Маскотите на Мики и Мини маус се единствената опција која ја има, за да се долови прво априлската магија.

Скопје памети одбележување на овој ден на скопскиот плоштад. Таму, денеска, музичар на гитара и затворени куќарки, кои се заборавени од Нова година. Ништо интересно, ниту привлечно за најмладите.

Токму плоштадот беше синоним за прославување на среќата, смеењето, маскирањето. 1-во априлската традиција во светот постои од 14ти век, последните децении нејзината популарност вртоглаво расте.

Меѓу народот се верува и дека тој што ќе биде излажан денеска ќе биде лажен преку целата година.

На почеток