Македонија

Кандидатите за претседател ќе потпишат Кодекс, а колку ќе има фер и демократски избори?

ДИК со повик до граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Пред потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.

Пред секои избори вообичаено се потпишува ваков Кодекс, но тоа не значи дека ќе се спроведе и во пракса. Веќе е почната црната кампања, лажните вести, недоличните навреди. Не се непознати и физичките пресметки, пукања па и жртви. Не е се до Кодекс и потписи, туку до реална волја и решеност.

На почеток