Хорор во Албанија, возило падна во река: 8 лица загинаа, маж превезувал илегални мигранти
Од
Објавено на
Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возилото паднало во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата.
Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет каде се случила несреќата, пренесува порталот Албаниан пост.
Порталот наведува дека има индиции дека возилото кое го управувал возач Албанец и превезувало седум илегални мигранти било бркано од полицијата.