Свет

Ранети три деца во пукање во финско училиште: Осомниичениот малолетник е уапсен

Три деца се ранети во пукање во училиште во градот Ванта, Финска, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека реагирала на инцидентот во училиштето пред 9 часот во вторник и ги повикала локалните жители да останат во своите домови.

Осомничениот, за кој исто така се верува дека е малолетник, е уапсен, јавува Би-Би-Си.

Училиштето во кое се пукало има 800 ученици и околу 90 вработени. Очевидци за јавниот сервис Ила изјавија дека две возила на брза помош го напуштиле местото на настанот.

Полицијата соопшти дека се ранети тројца малолетници.

Училиштето го посетуваат ученици на возраст од седум до 15 години, на возраст од основно и средно училиште. Како и во другите фински училишта, децата штотуку се вратија на настава по долгиот велигденски викенд.

На почеток