Свет

Убиени уште 70 луѓе во Газа

Министерот за одбрана на Израел: Војната во Газа ќе трае повеќе од неколку месеци

Во појасот Газа во претходните 24 часа загинале 71 лице, што значи дека од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкото палестинско движење Хамас загинале вкупно 32.916 лица, соопшти денеска Министерството за здравство на Хамас.

Повеќето од загинатите се жени и деца, тврди истиот извор.

Министерството за Хамас објави дека во речиси шест месеци војна биле ранети 75.494 луѓе.

На почеток