Нетанјаху призна дека Израел е одговорен за убиството на 7 хуманитарни работници
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека во „ненамерен“ израелски напад загинале „невини луѓе“ во Газа, откако беше објавено дека во енклавата биле убиени седум лица кои работеле за хуманитарната програма „Светска централна кујна“.
„За жал, во последните 24 часа се случи трагичен инцидент каде нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа. Ова се случува во војна, ние проверуваме до крај, ние сме во контакт со владите и ќе направиме се за да не се повтори ова“, рече Нетанјаху, зборувајќи на хебрејски во видео пораката.
Претходно, палестинските здравствени власти во Појасот Газа објавија дека загинале четворица странски хуманитарни работници и нивниот палестински возач, а медиумите објавија дека загинале хуманитарни работници од Австралија, Велика Британија, САД, Канада и Палестина.