Свет

Со уништувањето на Ал-Шифа, пропадна здравствениот систем во Газа

Потресни сведоштва на раселените жители на Газа: Живееме во кошмар

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека уништувањето на болницата Ал-Шифа во Појасот Газа се „откорнало срцето“ на здравствениот систем во палестинската енклава.

„Уништувањето на Ал-Шифа го откорна срцето на здравствениот систем. Тоа беше место каде што луѓето одеа да ја добијат грижата што ја обезбедува добар здравствен систем, што сите ние очекуваме да ја добиеме ако ни треба“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.

Израелските сили вчера ја напуштија болницата Ал-Шифа во градот Газа по двонеделната операција на израелската армија во која беше уништен болничкиот комплекс, јавува Ројтерс. Палестинската милитантна група Хамас објави дека по израелската операција биле пронајдени тела на луѓе со врзани раце и живи закопани, како и дека околните згради биле запалени и уништени, а цивили биле застрелани.

Хамас ги повика меѓународните судски тела, особено Меѓународниот суд на правдата, да „покренат вистински процедури за истрага на злосторствата извршени во болницата Шифа и нејзината околина и сите злосторства извршени за шест месеци“.

Агенцијата Anadolu наведува дека за време на двонеделните напади на болницата, израелската армија убила повеќе од 200, а притворила повеќе од 900 Палестинци.

На почеток