Македонија

Две лица приведени за пукањето во Арачиново, се бара снајперистот

Две лица се приведени и се сомничат за помагање во обидот за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кадар на ДУИ, објави ТВ Сител.

Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не верува дека случајот има политичка заднина.

Ахмети кусо одговори на новинарско прашање споменувајќи го името на поранешниот градоначалник на Арачиново.

„Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа“, рече Ахмети.

Градоначалникот не бил погоден бо пукањето, но ранети беа две лица, возачот на Ибрахими кој е и член на обезбедувањето и еден општински административец.

На почеток