Свет

Се урна хеликоптер на Алпите: Загинаа три лица

Трагедија на Алпите: двајца скијачи загинаа во лавина, петмина се спасени, покрената е истрага

Три лица загинаа, а тројца се повредени при урнување на хеликоптер кој превезувал скијачи до планината Петит Комбин во кантонот Вале на швајцарските Алпи, соопшти локалната полиција.

„Кога стигна до врвот на планината на 3.668 метри надморска височина, од причини што допрва ќе треба да ги утврди истрагата, авионот се лизна по северната падина“, се вели во полициското соопштение, според Гардијан.

Покрај пилотот, водичот и неговата ќерка, во леталото имало и четворица скијачи, но полицијата не го соопштува нивниот идентитет.

Во рамки на спасувачките активности на местото на несреќата се испратени седум хеликоптери и веднаш им била укажана помош на две повредени лица, а потоа е спасено и трето лице, соопшти полицијата.

За жал, телата на другите тројца патници во леталото се пронајдени без знаци на живот“, се наведува во полициското соопштение.

Во понеделникот на други локации во кантонот Вале на југоисточниот дел на Швајцарија, три лица загинаа во лавина, меѓу кои и 15-годишно момче од САД.

На почеток