Свет

(Видео) Се урна фабрика во Тајван по земјотресот: Во неа имало 57 луѓе, од зградата не е останато ништо

(Видео) Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија: „Водиме трка со времето“

Засега само едно лице е повредено, а останатите лица кои биле во фабриката се неповредени

Во смртоносниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во Тајван загинаа најмалку девет лица, а снимките од урнати згради го преплавија интернетот. Се урна и зграда на фабрика во градот Нов Тајпеј, изјави локалниот градоначалник.

Во моментот на земјотресот во зградата имало 57 лица, потврди тој.

„Три лица беа заробени внатре. Последниот беше спасен околу 11:57 часот по локално време“, додаде тој.

Како што истакна, досега само едно лице е повредено, а останатите лица кои биле во фабриката се неповредени.

На социјалните мрежи се појавија снимки од урнатата фабрика.

Спасувачите и надлежните се на терен, додека теренот се расчистува.

Од Централниот оперативен центар за вонредни состојби во Тајван, потврдено е дека досега се регистрирани 101 последователен потрес.

Речиси 80 луѓе се затрупани во урнатините, а некои се заробени во згради и тунели низ градот, според властите, јавува Би-Би-Си.

Најсилниот земјотрес што го погоди островот во последните 25 години е почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, кој предизвика огромни одрони.

На почеток