Свет

Пет лица загинаа во руски напад со беспилотни летала

(Видео) Жесток напад врз рускиот град Белгород, насекаде експлозии и паника

Руски беспилотни летала нападнаа станбени згради рано утринава во Харков, вториот по големина град во Украина, при што загинаа пет лица, вклучително и спасувачите кои се упатија на местото на настанот, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм напиша дека четири лица загинале на местото на нападот, од кои тројца биле спасувачи кои загинале во новиот напад. Повредени се пет лица.

Петтото лице е убиено во напад на приватни куќи во друг дел на градот, додаде Терехов. Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов, напиша на Телеграма дека најмалку четири удари го погодиле градот. Харков е честа мета на напади на руски беспилотни летала и ракети.

На почеток