Свет

Хаос во Америка: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Торнадо во Тексас: има загинати и тешко повредени

Стотици илјади луѓе во неколку сојузни држави во САД останаа без електрична енергија, а во некои делови од земјата беше воведена вонредна состојба поради силните бури кои се во опасност да се претворат во торнадо, јавува CBS News.

Во текот на ноќта силно невреме го погоди градот Џеферсонвил во државата Џорџија и државата Индијана, а бројот на повредени на поединечни места не надмина десет.

Постои сомнение дека еден смртен случај е поврзан со невремето во Тула, Оклахома.

Во четири окрузи во централна Флорида, каде живеат околу 6,5 милиони луѓе, важеше предупредување за торнадо, а ветровите дуваа со брзина од 110 километри на час.

Метеоролозите предупредуваат дека силните бури „способни да произведат неколку торнада“ денеска би можеле да ги погодат источна Вирџинија и Северна Каролина.

Во вторникот, 16 торнада беа пријавени на државните метеоролошки агенции во Кентаки, Илиноис, Тенеси, Охајо, Алабама и Џорџија.

Во Тенеси, околу 40.000 домови и деловни објекти останаа без струја откако гром удри во трафостаница.

На почеток