Свет

Повеќе од 1.000 луѓе се повредени во земјотресот во Тајван

Бројот на повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 1.038, бројот на загинати се уште е 9, додека 42 работници во хотел се водат како исчезнати.

Работниците за време на земјотресот биле на пат од Хуалиен кон националниот парк Тароко, а командниот центар за кризни ситуации објавил дека потрагата по нив е главна цел, пренесува Ројтерс.

Планот е да се испратат беспилотни летала и хеликоптери за да помогнат во потрагата по работниците и, доколку се најдат, да им се достави залихи што е можно поскоро. Шест лица се спасени со хеликоптер од рударската област.

Во градот Хуалиен заврши спасувањето на луѓето кои останаа заробени во урнатините на зградите. Возниот сообраќај на линијата кон Хуалиен е повторно отворен.

Ова беше најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години, со епицентар најблиску до источната област Хуалиен, додека зградите во главниот град Тајпеј се тресат, но претрпеа минимални штети.

На почеток