Свет

Руските противвоздушни системи соборија пет украински беспилотни летала над регионите Белгород и Тула

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија пет украински беспилотни летала над регионите Белгород и Тула, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала над територијата на регионите Белгород (три беспилотни летала) и Тула (два беспилотни летала)“, прецизираше Министерството, пренесува РИА Новости.

Претходно властите на областа Тула соопштија дека нема жртви и причинета штета во нападот на украинските беспилотни летала.

На почеток