Свет

Се огласи српската полиција за исчезнатата Данка

МВР беше информирано од виенската полиција дека двегодишната Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бањско Поље, ја нема на видеото кое беше проверено во рамките на потрагата по исчезнатото девојче.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат интензивно на пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите околности и факти поврзани со исчезнувањето на детето.

Полициски службеници од повеќе организациски единици на МУП се на терен и ги испитуваат и проверуваат сите информации и сознанија поврзани со исчезнувањето на Данка Илиќ.

На почеток