Свет

По силниот земјотрес се откина дел од остров во Тајван

Гребен источно од островот Гишан, популарна туристичка дестинација во Тајван, се откина и се лизна во морето по разорниот земјотрес со јачина од 7,2 степени.

Тајванската ТВБС прва ја пријави штетата на островот Гишан, кој поради неговата форма е наречен и „Островот на желките“.

Тајванскиот информативен портал „Кридерс“ напиша дека големи камења паднале во морето, но дека никој не е повреден бидејќи во тоа време во близина немало туристи или чамци.

Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро за време на неговото најфреквентно време и беше почувствуван низ островот со повеќе од 23 милиони луѓе.

На почеток