Магазин

Кои автомобили губат најмногу во вредност, а кои најмалку после една година

Во Австрија привремено ќе се одземаат автомобилите на возачите кои ја надминале дозволената брзина

Има купувачи кои размислуваат за вредноста што ќе ја има автомобилот по неколку години во случај на продажба.

Кога купуваат автомобил, повеќето купувачи ги земаат предвид важните детали како што се сигурноста, безбедноста, дизајнот или моќноста на моторот. Но, има и купувачи кои размислуваат за вредноста што ќе ја има автомобилот по неколку години во случај на продажба и колку пари ќе добијат за половен, за да вратат дел од инвестицијата.

Не е тајна дека новите автомобили губат вредност во моментот кога ќе го напуштат изложбениот салон, а според студијата iSeeCars, се покажува дека е значителна сума. На врвот на неславната листа во Америка е електричниот премиум Mercedes EQS кој по само една година губи неверојатни 48,7 отсто од просечната цена!

Станува збор за сумата, односно загубата од 65.143 долари.

Тоа не е единственото електрично возило на листата на автомобили со најбрзо пад на вредноста. Пет од десет возила во студијата се електрични возила, вклучувајќи го и Nissan Leaf на второто место. Јапонскиот „електричар“ губи во просек по 15.786 долари, но со многу пониска почетна цена, па станува збор за пад од 45 отсто.

Jaguar F-Pace е придвижуван од мотор со внатрешно согорување, но овој автомобил е трет автомобил со најмногу амортизација (-35,4%) по една година возење во Америка.

Alfa Romeo Giulia забележа пад од 33,4 отсто, по што следи уште еден EV, Kia EV6 со пад на вредноста од 33,3 отсто, пишува Motor1.

Од друга страна, автомобилот кој најмалку губи вредност е Kia Rio, кој во просек губи само 21 долар по една година користење. Тоа е пад од само 0,1 отсто, што значи дека лесно користениот Rio сè уште ја достигнува речиси цената на новото.

Интересно е што Mercedes G-class на листата на модели со најмало намалување на вредноста од 2,3 отсто е веднаш зад моделот Rio.

На почеток