Магазин

Белата куќа бара од НАСА Месечината да има своја временска зона

Индија има цел да испрати астронаути на Месечината до 2040 година

Американската влада побара од НАСА да развие нов систем за пресметување на времето на Месечината.

Белата куќа сака американската вселенска агенција (НАСА) да развие нова временска зона за Месечината – Координирано лунарно време. (CLT).

Времето на ова вселенско тело тече побрзо од она на Земјата поради разликата во неговото гравитационо поле -58,7 микросекунди секој ден.

Ова можеби не значи многу, но може да направи значителна разлика при синхронизирање на вселенските летала.

Американската влада се надева дека новата временска зона ќе им помогне на владините и приватните компании во нивните заеднички напори да стигнат до сателитот на Земјата.

„Гравитацијата на Месечината е за нијанса послаба и затоа времето таму тече поинаку“, објасни Кетрин Хејманс од Кралската шкотска опсерваторија за програмата на BBC Radio 4.

На почеток