Во Скопје се стабилизира состојбата со голема кашлица, во другите градови бројот на заболени се зголемува
Комисијата за заштита од заразни болести денеска одлучи да не препорача нови мерки за сузбивање на големата кашлица, остануваат истите препораки кои важат за целата држава.
И натаму во градинка можат да престијуваст само деца со примени три дози од ДиTеПер вакцината. Останува и условот ревакцината да биде примена во рок од шест месеци.
„Центрите за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба и доколку има значаен пораст, самите центри пријавуваат епидемија за регионот што го контролираат”, велат од Министерство за здравство.
Во Скопје, состојбата полека се стабилизира, а бројот на регистирани со пертусис надмина 300. Загрижува податокот што во последните денови најголем број регистрирани се бебиња.
Внимателно се следи состојбата со голема кашлица во Куманово, каде има зголемување на пријавени заболени.
Центарот за јавно здравје во Куманово прогласи епидемија на пертусис со регистрирани 23 случаи кои се на возраст од 4 месеци до 60 години.
Надлежните препорачуваат и апелираат на масовна вакцинација.