Полицијата се уште трага по телото на исчезнатата Данка
Од
Објавено на
Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор во Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството.
Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле до депонијата. Полицајците ја пребарале спорната депонија, но телото се уште не го пронашле.