Свет

Осомничените за убиството на Данка се уште не се сослушани

Вишото јавно обвинителство Заечар распиша потрага по телото на убиената Данка Илиќ.

Осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) се уште не се сослушани во обвинителството и ќе бидат сослушани кога ќе бидат донесени со кривичната пријава, велат за „Новости“ од Вишото јавно обвинителство Заечар.

„Во ова обвинителство се уште не се сослушани осомничените Д.Д и С.Ј и ќе бидат сослушани кога ќе бидат донесени со кривичната пријава. За осомничените по службена должност се определени бранители. Ќе се утврдува и правната квалификација на кривичното дело по приемот на кривичната пријава и доказите доставени со пријавата Немаме информација дека телото на девојчето во меѓувреме е пронајдено“; велат од Обвинителството.

На почеток