СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат, вели ВМРО-ДПМНЕ


„СДС со мрежа за фалсификување документи и лажни вести водена од Асаф Еисин влегува во сериозен криминал за кој ќе одговараат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
СДС се спушти толку ниско, што во отсуство на понуда за граѓаните во пресрет на изборите, тие креираат лажни вести и фалсификуваат документи.
Ваквите фабрикации ги прави Асаф Еисин, израелски мешетар, кој своите услуги за фалсификување ги нудеше и во ВМРО-ДПМНЕ, при што беше веднаш избркан од претседателот Мицкоски, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Ковачевски сги прифатиле неговите услуги, и во недостаток на понуда прибегнаа кон црна кампања базирана на измислици.
СДС треба да каже како го плаќаат Асаф Еисин, дали е платен во кеш, и дали таквите пари се стекнати со матните тендери во РЕК?
Во прес конференција во текот на денот ќе објавиме како оди шемата за лажни вести и фалсификување на документи.
Врвот на СДС со Ковачевски и Зечевиќ е влезен длабоко во криминал, и за тој криминал ќе одговараат, и тие и Асаф Еисин, веднаш по изборите.
Народот ќе си ја врати државата, без разлика на измислиците на СДС и мешетарите кои ги плаќаат со народни пари, украдени од тендери. Македонија ќе биде повторно на граѓаните. Промените се во рацете на народот.
