Македонија

Апасиев: Има страв од Ванковска

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на политичката сцена има страв од нивниот претседателски кандидат, Билјана Ванковска.

„Ете, и тоа го дочекавме. Претседателски избори без директни соочувања и ТВ ДЕБАТИ!? Ова е некој нов изум во политологијата. П.с. Телевизии има, ама нема уредници и спремни кандидати“, напиша Апасиев.

Претходно, на брифинг, тимот на Стево Пендаровски најави дека ќе се организираат т.н. мастер дебати, каде ќе бидат сите кандидати, а ќе се пренесуваат и на сите телевизии.

На почеток