Митко Пешов е горд македонец кој од вистински професионалец го направија терорист, уставобранителите се нашата поддршка, објави Јованчев
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев, се сретна со осудениот за 27-април, Митко Пешов. Тој напиша дека Пешов ја има неговата поддршка, како и поддршката на партијата.
„Уставобранителите се нашата поддршка. Митко Пешов горд македонец кој од вистински професионалец го направија терорист. За триесет денови повторно ќе огрее ново сонце на слободата и нашите браќа уставобранители ќе бидат со своите фамилии“, напиша Јованчев.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, пак, објави дека Пешов се сретнал и со Унијата на млади сили од Штип.
„Градоначалникот Митко Јанчев на кафе дружба со Митко Пешов, кандидатот за пратеник Зоран Јованчев и дел од УМС Штип“, вели Јанчев.