137 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење
Од
Објавено на
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.