Македонија

Салиу: Не сакам да помислам дека се обидуваат да ме замолчат – нека докажат дека сум нападнал полицаец, не ме гледате на екран

Новинарот Фуркан Салиу, бара полицијата да докаже дека тој нападнал полицаец и како е отворено неговото возило, со оглед дека тој не бил присутен, како што тврди. Салиу тврди дека отишол на трибините на натпреварот, оти знаел дека ќе има нереди.

„Поради вашата поддршка бев ослободен, но во некоја различна ситуација немаше да бидам. Без никаков доказ. Нека докажат дека сум нападнал полицаец, јас утре ќе се повлечам, не ме гледате на екран. Нека докажат. Информиран сум сега дека мојот пиштол е најден во багажот, расклопен целосно, а најден е без мое присуство, во обид да избришат снимки“, велат Салиу.

Појасни дека имало нереди на трибините на натрепварот на кој присуствувал.

„Имаше малку полицајци, многу публика, тоа не е мој проблем. Цел настан почна кога го тепаа млад дечко кој седеше до мене, а не направи ништо“, рече Салиу па посочи дека тој ја смирувал публиката..

„Јас навистина не сакам да помислам дека се обидуваат да ме замолчат. Јас овде се уште не сум ја завршил изјавата овдека“, додава Салиу.

На почеток