Новинарот Салиу доби кривична дека спречил полицаец додека вршел службена должност
Кривичната пријава против новиарот Фуркан Салиу од МВР е испратена до Обвинителството. Според полицијата, Салиу на фудбалски натпревар спречил службено лице во вршење на службено дејствие. Ова пак, според Салиу е притисок кој се врши врз него. Кој дејствија ќе бидат преземени понатаму во овој случај, ќе одлучи обвинител од скопското Обвинителство
„Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие”, вели МВР.
Салиу пак, ги повика меѓународните организации да ја следат ситуацијата.
„Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период. Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација“, вели Салиу.
На прес-конференција, Тошковски кажа дека едно од лицата нападнало полицаец, а друго, во најмала мера спречило службено лице во вршење на службени дејствија.