Македонија

(Видео) Ново пукање во Тетово: целта била да се изврши убиство

Пукање имало доцна вечерва во близина на центарот на Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, целта била да се изврши убиство. Неофицијално, лице дошло до куќа лоцирана на главната улица „Илинденска“ и пукало кон куќа, додека внатре имало луѓе.

„Скопје1“ дознава дека нема повредени лица, а полицијата е веќе на терен. Вообичаената пракса е да се прави увид по наредба на јавен обвинител. Повеќе детали се очекуваат за утре.

Во Тетово, началаникот остана непроменет, бидејќи Владата не му дозволи на техничкиот министер Панче Тошковски да постави свој кадар. За ова имаше реакции од Тошковски во повеќе наврати, а посочи и дека токму тоа остава сомнеж за нерегуларности во овој дел на Македонија при гласањето.

Ова не е прво пукање во Тетово годинава. Претходнoто беше во јануари, кога две лица беа повредени, од кои, едно почина. За овој случај, сите лица се на слобода, а пукачот не е фатен.

На почеток