(Видео) Остатоците од Универзална сала: се е сторено пепел

Од
Објавено на

Од Универзална сала има само остатоци. Пожарот остави само пепел во просториите. Просторот е само градилиште со метална конструкција, за која треба да се утврди колку е оштетена, а надлежните институции се без одговор за тоа дали таа треба да се промени.
Причината за пожарот уште е непозната. Направен е увид од обвинител и стручни екипи од МВР, но извештајот не е изготвен. Трите приведени лица се пуштени на слобода откако дадоа изјава во полциија.
Дали причината е човечки фактор, ќе треба да утврди истрагата. Фирмата-изведувач укажа дека можеби проблемот е во инсталацијата.
