Скопје

(Видео) Се заканува со тужби, јас не се плашам, денеска е во страв и паника, вели Арсовска за министерката Стојчевска

Дуелот Данела Арсовска-Бисера Костадиновска-Стојчевска продолжи. Јавните препукувања не запреа. Градоначалничката на Скопје, Арсовска, најави дека има една вистина и дека тоа е она што тоа го кажува. Смета дека министерката Костадиновска-Стојчевска ги навредила сите служби во Град Скопје.

„Врз основа на кој проект се реконструира Универзална сала во моментот на опожарувањето? Има причина зошто тоа го прашувам. Министерката тоа го знае. Затоа денеска страв, паника и закани. Јас не се заканувам, само прашувам. Таа се заканува со тужби, институции. Нема проблем. Јас не се плашам, како што можете да видите“, вели Арсовска.

Таа постави низа прашања до Бисера Костадиновска Стојчевска.

Инаку, вечерва, министерката е гостин во подкастот „Претрес со Ландов“. Слете во живо во 21 часот!

На почеток