Македонија

Бисера и Данела одат на суд: се скараа за Универзална сала

Градоначалничката Данела Арсовска ја користи Универзална сала за политиканство и медиумска манипулација, обвини министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Според неа, Арсовска сака да ја спречи реконструкцијата на сега запалената сала.

„За обвинувањата дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила, во следните денови ќе бидат предмет пред судските истанци, па самата ќе има можност да образложи за тврдењата за Универзална сала. Сакам граѓаните да знаат дека не треба да се сомневаат ниту да имаат страв дека Бисера или било кој од Министерството да направи упад во Системот за јавни набавки“, додаде министерката.

Според нејзе, Арсовска го оштетила буџетот за 20 милиони денари, а грижата била лажна.

„Нема да дозволам Универзална сала да биде цел на дневно-политички препукувања, ниту да биде тема во изборната кампања на Арсовска за нејзино медиумско појавување. Во овој момент не можам да ви кажам зошто се запали Универзална сала бидејќи има истрага во тек“, кажа министерката.

Посочи дека Универзална сала ќе продолжи да се реконструкира.

На почеток