Скопје

(Видео) Не изгоре Универзална, вели компанијата изведувач

Во Убниверзална сала, изгореа елементи кои треба да бидат дислоцирани, а вредните елементи се извадени уште во 2021 година, изјави Лазар Арсовски, од компанијата што ја врши реконструкцијата на Универзална сала. Според него, не изгорела Универзална сала туку материјал кој требало да биде изваден од таму и е безвреден.

„Нашите две компании, секоја штета што е направена на терен, ја сносат тие. Секоја штета на новата челична конструкција, ќе биде заменета за нова и ќе се смени. Овој пожар нема жртви, не направи преголема штета на самиот проект“, вели Арсовски.

Доколку металната конструкција е оштетена ќе биде заменета, а доколку само делови се оштетени, ќе бидат променети само тие делови. Запалениот дел требало секако да се реконструира, а за тоа до сега не се потрошени пари бидејќи истото требало да се случи во втора фаза.

На почеток