„Скопје1“ дознава: Два тунели откриени во Идризово, машина за бетонирање влезе во затворот
Машина за бетонирање е влезена попладнево во затворот „Идризово“, по претресите кои ги извршија специјалците, дознава „Скопје1“. Според наши извори од затворот, ќе се затвораат два стари канализациски тунели, кои не се користат, а за кои постоеле информации дека постои можност да бидат користени за бегства.
„Скопје1“ дознава дека групата која ги знаела тунелите кроела план за да ги искористи. Но, затворската управа, во координација со МВР, ги претркала во планот. Веќе попладнево, тие ќе бидат целосно затворени.
Утрово, како што објавивме, биле претресувани само одредени делови од затворот, односно долните катови – како што се, затворениот и хашкиот дел. Веќе излегоа информации дека се пронајдени куп недозволени предмети кои биле внесувани.
Тунелите во Идризово не се новина. Во март минатата година беше откриена ископана дупка, а во неа имаше и светло, а се укажувало да подготовка за бегство. Од неа беше извадена земја која во нормални услови би се транспортирала со над десет трактори. Неофицијално, го копале лица осудени за тешки дела и високи затворски казни. Одговорност – ни до овој момент немаше.